СМЕШНИТЕ ПАРТИСКИ ИСТРАГИ МОЖАТ ДА МУ НАШТЕТАТ НА ЕКОНОМСКОТО ЧУДО ВО САД, КАЖА ТРАМП ВО ОБРАЌАЊЕТО ДО НАЦИЈАТА

    СМЕШНИТЕ ПАРТИСКИ ИСТРАГИ МОЖАТ ДА МУ НАШТЕТАТ НА ЕКОНОМСКОТО ЧУДО ВО САД, КАЖА ТРАМП ВО ОБРАЌАЊЕТО ДО НАЦИЈАТАТрамп најави нова средба со Ким Џонг-Ун во Виетнам овој месец (Фото: АП)

    Доналд Трамп најави дека ќе има уште една средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун, што ќе се одржи во Виетнам на 27/28 февруари.

    Во своето 82-минутно обраќање до нацијата, чија тема беше „Избираме величина“, тој уште еднаш вети дека ќе изгради ѕид долж максиканската граница, но и заклучи дека „смешните партиски истраги“ можат да му наштетат на просперитетот на САД. Неговото обраќање уследи откако го поддржа најдолгото делумно затворање на владата во американската историја, бидејќи демократите не му одобрија средства за изградба на ѕидот.

    Како и во своите претходни два говори во Конгресот, Трамп повторно повика на политичко единство во земјата.

    „Економско чудо моментално се случува во САД и единствената работа која може да го сопре тоа се глупави војни, политика или смешни партиски истраги“, кажа Трамп.

    По говорот, демократите го обвинија Трамп дека ги напушта американските вредности.

    „Уште многу работа треба да се доврши, но моите односи со Ким Џонг-Ун се многу добри“, изјави Трамп.

    Двајцата лидери одржаа историска средба во Сингапур минатата година, кога беше потпишан договор за целосна денуклеаризација на корејскиот полуостров, кој оттогаш сè уште не почнал вистински да се спроведува.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира