СМРТНА КАЗНА ЗА ПЕТ ЛИЦА ВМЕШАНИ ВО УБИСТВОТО НА НОВИНАРОТ КАШОГИ

    СМРТНА КАЗНА ЗА ПЕТ ЛИЦА ВМЕШАНИ ВО УБИСТВОТО НА НОВИНАРОТ КАШОГИЗа убиството на Кашоги им се судеше на 11 неименувани лица (Фото: АП)

    Суд во Саудиска Арабија осуди на смрт пет лица обвинети за убиството на новинарот Џамал Кашоги минатата година.

    Кашоги, познат критичар на саудиската влада, беше убиен во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул и неговото тело никогаш не е пронајдено. За неговото убиство им се судеше на 11 неименувани лица, додека експерт на Обединети нации повика да се истражи и евентуална вмешаност на принцот Моамед бин Салман. Тој негираше дека има каква било врска со убиството на Кашоги, но во октомври изјави дека „презема целосна одговорност како лидер на Саудиска Арабија бидејќи го извршиле поединци кои работат за саудиската влада“.

    Судењето се одвиваше зад затворени врати и не ги исполни меѓународните стандарди, објави организацијата Хјуман рајтс воч.

    Педесет и деветгодишниот Кашоги, кој пишуваше критички колумни за „Вашингтон пост“, за последен пат беше виден на 2 октомври 2018 на влегување во саудискиот конзулат.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира