СНЕГ ЈА ПОКРИ АТИНА, ГРАЃАНИТЕ СЕ СОВЕТУВААТ ДА НЕ ОДАТ НА РАБОТА ПРЕД 10 ЧАСОТ

    СНЕГ ЈА ПОКРИ АТИНА, ГРАЃАНИТЕ СЕ СОВЕТУВААТ ДА НЕ ОДАТ НА РАБОТА ПРЕД 10 ЧАСОТАтина се најде на ударот на снежната бура Медеа (Фото: Екатимерини)

    Жителите на Атина утрово се разбудија со дебела снежна покривка, која предизвика сообраќаен метеж во голем дел од градот и го запре јавниот превоз.

    Цивилната заштита издаде предупредување, повикувајќи ги граѓаните да го ограничат движењето откако бурата Медеа донесе исклучително студено време. Граѓаните се советуваат да не одат на работа пред 10 часот ако е можно тоа.

    Според властите, снегот ќе продолжи да паѓа уште некое време, по што се очекува температурите да почнат да се зголемуваат. Ова е најголем снег во Грција во последните 12 години.

    Поради силни ветрови, суспендирани се бројни траектни линии, а затворени се и делови од автопатот Атина-Солун.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира