СНЕЖНО НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАТИ БАВАРИЈА, ОТКАЖАНИ ЛЕТОВИТЕ ЗА СКОПЈЕ И ОХРИД

    СНЕЖНО НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАТИ БАВАРИЈА, ОТКАЖАНИ ЛЕТОВИТЕ ЗА СКОПЈЕ И ОХРИДАвион на Луфтханза покриен со снег на аеродромот во Минхен. (Фото: ДПА)

    Снежно невреме предизвика хаос во јужна Германија и блокиран е речиси целосно воздушниот и железничкиот сообраќај во Минхен и околината во покраината Баварија.

    Откако првично ги откажа сите летови денеска до пладне, Минхенскиот аеродром соопшти дека ќе остане затворен до утре (недела) во 6 часот наутро, поради што околу 760 летови беа откажани.

    Слична е ситуацијата и на аеродромот во Меминген, на стотина километри од Минхен, од каде што денеска не полетаа авионите за Скопје и Охрид.

    Властите во Баварија побараа од граѓаните да останат дома за нивна безбедност. Освен аеродромите и железницата, денеска беше откажан и фудбалскиот натпревар меѓу Баерн Минхен и Унион Берлин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира