СО 4 НАГРАДИ МЕЃУ КОИ И ЗА НАЈДОБАР ФИЛМ, КОРЕЈСКИОТ „ПАРАЗИТ“ Е ПОБЕДНИК НА ОСКАРИТЕ

    СО 4 НАГРАДИ МЕЃУ КОИ И ЗА НАЈДОБАР ФИЛМ, КОРЕЈСКИОТ „ПАРАЗИТ“ Е ПОБЕДНИК НА ОСКАРИТЕБонг Јон-хо е прв азиски режисер кој добива Оскар за најдобро сценарио, режисер и за најдобар филм. „Паразит“ славеше на Оскарите со 4 награди. Лани освои Златна палма во Кан. (Фото: Гети)

    Јужнокорескиот „Паразит“ на режисерот Бонг Јон-хо е апсолутен победник на 92. Оскари, откако освои четири награди од шест номинации. „Паразит“ е најдобар филм, Бонг Јон-хо  е најдобар режисер, а ги освои и Оскарите за најдобар странски филм и за сценарио.

    „Паразит“ го победи македонскиот „Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов во категоријата за најдобар странски филм. Претходно вечерва Оскарот на „Медена земја“ за најдобар документарен филм ѝ го зеде „Американска фабрика“, на Стивен Богнар и Џулија Рајнхарт.

    Хоакин Феникс го освои својот прв Оскар, за улогата на Џокер во истоимениот филм, а Рене Зелвегер својот втор Оскар за улогата на Џуди Гарланд во „Џуди“. Зелвегер има Оскар за женска споредна улога за „Студена планина“.

    Бред Пит и Лора Дерн добија Оскари за најдобра машка и женска споредна улога, за ролјите во „Беше еднаш во…Холивуд“ и „Брачна приказна“.

    Сер Елтон Џон доби Оскар за најдобра оригинална песна, а исландската композиторка Хилдур Гуднадотир Оскар за најдобра музика за филмот „Џокер“.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира