СО ИЗБОРОТ НА ПОРОТАТА ПОЧНА СУДЕЊЕТО НА ТРАМП ЗА ТАЈНАТА ИСПЛАТА ЗА ПОРНОАКТЕРКАТА СТОРМИ ДАНИЕЛС, ТОЈ ВЕЛИ ДЕКА СЛУЧАЈОТ Е ГОЛЕМА ГЛУПОСТ

    СО ИЗБОРОТ НА ПОРОТАТА ПОЧНА СУДЕЊЕТО НА ТРАМП ЗА ТАЈНАТА ИСПЛАТА ЗА ПОРНОАКТЕРКАТА СТОРМИ ДАНИЕЛС, ТОЈ ВЕЛИ ДЕКА СЛУЧАЈОТ Е ГОЛЕМА ГЛУПОСТСудењето е проследено со голем медиумски интерес, но во судницата ќе бидат присутни само неколкумина известувачи (Фото: СДК.МК)

    Со изборот на поротниците, денеска во Њујорк започна историското судење на Доналд Трамп, кој е обвинет за фалсификување деловни книги, поврзано со исплатата на 130.000 долари на порноактерката Сторми Даниелс во 2016 година. Трамп со тоа стана првиот бивш американски претседател на кого му се судело за кривично дело и ова се случува додека тој е среде претседателската кампања.

    Се очекува судењето да трае меѓу шест и осум недели и ќе се фокусира на надоместокот што Трамп му го дал на својот поранешен соработник Мајкл Коен, кој ќе биде клучен сведок на судењето зашто токму тој ѝ ги дал парите на Даниелс.

    Трамп беше тивок откако дојде во судницата и само трипати кажа „да“ за записникот. Доаѓајќи во судот, Трамп изјави дека вакво нешто никогаш не се случило.

    Секој правник има кажано дека овој случај е глупост и никогаш не требало да се случи. Тука нема случај. Ова е напад врз Америка, врз политички противник и затоа сум горд и почестен што денеска сум тука“, рече Трамп.

    Судењето е проследено со голем медиумски интерес, но во судницата ќе бидат присутни само неколкумина известувачи.

    Трамп е обвинет за вкупно 34 кривични дела за фалсификување деловни книги од прв степен. Мајкл Коен тврди дека му било наредено да ѝ плати 130.000 долари на Даниелс со цел да ја замолчат за нејзината наводна афера со Трамп, што обвинителите го опишуваат како обид за незаконско влијание врз изборите во 2016.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира