СОБРАНИЕТО ГИ УСВОИ ЗАКОНСКИТЕ ИЗМЕНИ ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 18 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ, „ЗА“ ГЛАСАА 90 ПРАТЕНИЦИ

    СОБРАНИЕТО ГИ УСВОИ ЗАКОНСКИТЕ ИЗМЕНИ ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 18 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ, „ЗА“ ГЛАСАА 90 ПРАТЕНИЦИСо законските измени, се очекува околу 80 илјади работници во април да земат покачена минимална плата. - Градежни работници на објект во Скопје (Фото: СДК.МК)

    По тридневна расправа, Собранието денеска ги усвои измените на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија, со кои се предвидува минималната плата да се покачи од 15 на 18 илјади денари. Законските измени се донесоа по скратена постапка, гласаа 90 пратеници, сите „за“.

    Со законските измени, се очекува околу 80 илјади работници во април да земат покачена минимална плата. За помош на фирмите за зголемување на минималната плата во буџетот се предвидени 16 милиони евра, кои ќе се искористат за покривање на разликата во придонесите во првата година.

    Со измените се менува и методологијата за годишното усогласување на минималната плата, па така ќе има тековно усогласување на минималната плата со годишниот раст на просечната плата и на трошоците за живот. Висината на минималната плата не смее да биде пониска од 57 отсто од просечната плата.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира