СОПРУГАТА И ДРУГИ ПАТНИЦИ ДРЖЕЛЕ СРБИН ДА НЕ ИЗЛЕТА НИЗ СКРШЕНИОТ ПРОЗОРЕЦ НА АВИОНОТ НА „РАЈАНЕР“ ШТО ПРИНУДНО СЛЕТА ВО СОЛУН

    СОПРУГАТА И ДРУГИ ПАТНИЦИ ДРЖЕЛЕ СРБИН ДА НЕ ИЗЛЕТА НИЗ СКРШЕНИОТ ПРОЗОРЕЦ НА АВИОНОТ НА „РАЈАНЕР“ ШТО ПРИНУДНО СЛЕТА ВО СОЛУНАвионот летал кон Меминген во Германија кога пријавил дефект на мотор над Македонија (Фото: Радио Солун)

    Шеесет и едногодишен патник од Србија е повреден во денешниот инцидент на авион на „Рајанер“, кој принудно се врати на аеродромот во Солун откако бил откриен дефект на мотор додека летал над Македонија. Грчките медиуми објавија дека тој бил спасен од безбедносниот појас и од другите патници, кои го држеле и влечеле за да не излета од авионот низ скршениот прозорец.

    За време на спуштањето, дел од оштетениот мотор се одвоил и удрил во прозорец на кабината, поради што дошло до пад на притисокот во кабината.

    Грчкиот сајт „Прототема“ објави сведоштва од патници кои рекле дека во авионот се слушала голема бучава и се скршил прозорец. Тие раскажале како патници го држеле Србинот кој седел покрај скршениот прозорец, откако воздухот го повлекол надвор.

    Се слушна бучава како да пукнала гума. Настана паника со вресоци бидејќи веднаш изгубивме висина од декомпресијата. За момент помислив дека некој случајно ја отворил вратата за итни случаи. Сите веднаш ги ставивме маските, но ни требаше време да сфатиме што се случува“, изјави еден патник.

    Претседателот на синдикатот на вработените во јавниот превоз Михалис Јанакос изјави дека е избегната трагедија, зашто телото на патникот летнало во воздух, но сопругата успеала да го задржи и да го врзе, по што помогнале и други патници, повлекувајќи го назад во кабината.

    Тој е задржан во болница во Солун поради изгореници од триењето и повреда на вратот.

    Авионот летал од Солун кон Меминген во Германија.

    „Авионот слета нормално, а патниците се вратија на терминалот“, се вели во соопштението на „Рајанер“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира