СОПРУГАТА НА БИВШ ГРЧКИ АМБАСАДОР ВО БРАЗИЛ ДОБИ 31 ГОДИНА ЗАТВОР ЗА НЕГОВОТО УБИСТВО

    СОПРУГАТА НА БИВШ ГРЧКИ АМБАСАДОР ВО БРАЗИЛ ДОБИ 31 ГОДИНА ЗАТВОР ЗА НЕГОВОТО УБИСТВОЛешот на Кирјакос Амиридис беше пронајден во изгорен автомобил во Рио де Жанеиро во 2016 (Фото: Гети)

    Бразилка е осудена на 31 година затвор за планирање на убиството на нејзиниот сопруг Кирјакос Амиридис, бившиот грчки амбасадор во Бразил. Неговиот леш беше пронајден во изгорен автомобил во Рио де Жанеиро во 2016 година.

    Франсоиз де Соуза Оливеира призна дека го убила Амиридис по налог на нејзиниот љубовник, офицер на воената полиција, кој доби 22 години затвор. На крајот на тридневното судење, судијата го опиша злосторството како ѕверско.

    Педесет и деветгодишниот Амиридис служел како конзул во Рио де Жанеиро од 2001 до 2004 и се вратил во земјата како амбасадор во годината кога беше убиен. Тој се оженил со Франсоиз во 2004 година и имаа ќерка.

    Соуза Оливеира прво пријавила дека нејзиниот сопруг е исчезнат, кажувајќи ѝ на полицијата дека заминал без објаснување со изнајмен автомобил. Изгорениот автомобил беше пронајден наредниот ден со телото на амбасадорот внатре.

    Истражителите пронашле крвави траги на софа во станот во кој престојувала двојката и се верува дека Амиридис таму бил убиен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира