СОВЕТНИК ФРЛИЛ ТРИ ГРАНАТИ НА СЕДНИЦА НА СЕЛСКИ СОВЕТ ВО УКРАИНА

    СОВЕТНИК ФРЛИЛ ТРИ ГРАНАТИ НА СЕДНИЦА НА СЕЛСКИ СОВЕТ ВО УКРАИНАСредбата се пренесувала во живо на Фејсбук кога се случил инцидентот во кој се повредени 26 луѓе од кои 6 потешко. (Фото: Фејсбук)

    Селски советник во западна Украина фрлил гранати на подот на седница на Советот, при што ранил 26 лица, соопшти полицијата. Нападот се случи во утринава во седиштето на селскиот совет во Керетски во западниот регион Закарпатија. Полицијата уште не коментира за можниот мотив за нападот, во кој шестмина се тешко ранети.

    Средбата се пренесувала во живо на Фејсбук кога се случил инцидентот. На снимката се гледа како човекот влегува во просторијата за време на жестока дискусија околу 90 минути откако почнал состанокот. Потоа, тој стои до вратата околу 30 секунди пред да фрли три гранати во средината на собата.

    „Како резултат на тоа, 26 лица се ранети, од кои шест се во тешка состојба“, се вели во полициското соопштение и се додава дека медицинските лица се обидуваат да го реанимираат човекот кој ги фрлил гранатите.

    Многу Украинци имаат пристап до оружје поради војната со Русија, но сè уште нема докази дека нападот бил поврзан со конфликтот. Керецки е делумно унгарско, делумно украинско село и недалеку од унгарската граница – но нема сугестија за етничка димензија на нападот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира