СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ГО ИЗБРА ПОРТУГАЛЕЦОТ ГУТЕРЕШ ЗА НОВ ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА ОН

a:1:{s:9:"td_source";s:20:"Њујорк,(АП)

    СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ГО ИЗБРА ПОРТУГАЛЕЦОТ ГУТЕРЕШ ЗА НОВ ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА ОН

    Советот за безбедност со акламација го избра поранешниот португалски премиер Антонио Гутереш за нов генерален секретар на Обединетите нации. Рускиот амбасадор во ОН Витали Чуркин ја соопшти веста, откако 15-те членки на Советот за безбедност го одржаа шестиот круг од гласањето зад затворени врати. Потврда стигна и од американската амбасадорка во ОН Саманта Пауер.

    Гутереш, кој беше на чело на агенцијата на ОН за бегалци до минатиот декември, го освојуваше првото место на сите претходни пет гласања. Дипломатите велат дека во шестото гласање, тој добил 13 „охрабрувачки“ гласови, ниту еден „обесхрабрувачки“ и два гласа “без мислење“.

    Чуркин кажа дека Советот ќе сретне утре изутрина за и формално да го одобри изборот на Гутереш и да го препорача на Генералното собрание, кое треба да го даде конечниот збор.

    Меѓу десетмината кандидати за наследник на Бан Ки-мун беше и македонскиот претставник Срѓан Керим, кој беше претпоследен на петтото гласање. Резултатите од шестото и последно гласање се уште не се објавени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира