СОВРШЕНО ИЗВЕДЕНИ НАПАДИ, МИСИЈА ОСТВАРЕНА, ИЗЈАВИ ТРАМП

    СОВРШЕНО ИЗВЕДЕНИ НАПАДИ, МИСИЈА ОСТВАРЕНА, ИЗЈАВИ ТРАМПЦел на нападите биле три владини локации, за коишто велат дека се објекти во кои се чува хемиско оружје (Фото: АП)

    Доналд Трамп ги поздрави денешните ракетни напади на Сирија како „совршено изведени“.

    „Им благодарам на Франција и на Велика Британија за нивната мудрост и на моќта на нивните одлични армии. Мисија остварена!“, напиша Трамп на Твитер.

    САД и нивните сојузници утрово бомбардираа три владини локации, за коишто велат дека се објекти во кои се чува хемиско оружје, како одмазда за неодамнешниот наводен напад во Дума, во кој загинаа 40-ина цивили.

    „Горд сум на нашата голема војска“, кажа Трамп, додавајќи дека со дополнителниот буџет „таа ќе биде најдобрата што нашата земја досега ја имала“.

    „Нациите на Британија, Франција и на САД ја искористија својата праведна моќ против варваризмот и бруталноста. Целта на нашите акции беше да се спречи натамошно производство, ширење и употреба на хемиско оружје“, изјави Трамп во обраќањето од Белата куќа.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира