СПАСУВАЧИТЕ СÈ ПОБРЗИ, ИЗВАДЕНИ УШТЕ ДВЕ ДЕЦА ОД ПЕШТЕРИТЕ

    СПАСУВАЧИТЕ СÈ ПОБРЗИ, ИЗВАДЕНИ УШТЕ ДВЕ ДЕЦА ОД ПЕШТЕРИТЕСпасувачките екипи се надеваат дека ќе ја довршат работата денеска (Фото: Ројтерс)

    Уште две деца се извадени од поплавените тајландски пештери, откако утрово почна третиот ден од високоризичната спасувачка операција, што ги зголеми надежите дека сите 13-темина ќе бидат спасени до вечерните часови по локално време.

    Сведок за агенцијата „Ројтерс“ потврди дека две лица се изнесени на носилки од пештерскиот систем Там Луанг, што значи дека внатре остануваат уште две деца и нивниот тренер.

    Во првите два дена од операцијата, осуммина момчиња беа извадени надвор и превезени во локална болница во, како што кажаа властите, добра состојба. Тие ќе останат во болница барем уште седум дена.

    Регионалниот гувернер Наронгсак Осотанакорн кажа дека финалната операција ќе биде уште поголем предизвик, затоа што петмина треба да бидат извлечени. Сепак, учејќи од досегашните искуства, вчерашната операција завршила два часа побрзо од очекуваното.

    „Се надеваме дека денеска ќе бидат уште побрзи или барем со исто темпо како вчера“, изјави Осотанакорн.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари