СРБИЈА ГИ ДОБИ ПРВИТЕ ДОЗИ ОД ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД-19 НА „ФАЈЗЕР“

    СРБИЈА ГИ ДОБИ ПРВИТЕ ДОЗИ ОД ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД-19 НА „ФАЈЗЕР“На белградскиот аеродром денеска пристигна контејнер со 4.875 дози (Фото: Ројтерс)

    Речиси 5.000 дози од вакцината против ковид-19 на „Фајзер/Бионтек“ пристигнаа денеска во Србија, која со тоа стана прва балканска земја која добила ваква вакцина. Државната телевизија прикажа како од авион се истоварува контејнер со 4.875 дози, кои потоа беа превезени во Институтот за вирологија и вакцини „Торлак“ во Белград.

    „Имунизацијата веројатно ќе почне следната недела. Наскоро ќе се одлучи и кој прво ќе биде вакциниран“, изјави Мирсад Ѓерлек, државен секретар во Министерството за здравство.

    Од владата претходно кажаа дека првите дози ќе бидат дистрибуирани во старечки домови.

    „Очекуваме уште 21.000 дози во јануари“, кажа Ѓерлек.

    Српските регулатори минатата недела ја одобрија вакцината на „Фајзер/Бионтек“. Од почетокот на пандемијата, во Србија се потврдени околу 300.000 случаи на зараза, како и 2.733 починати од ковид-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира