СРБИЈА ГИ ПОЧНА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ СО КЛУЧНИТЕ ПОГЛАВЈА 23 И 24

a:1:{s:9:"td_source";s:54:"Брисел,Белград(разниизвори)

    СРБИЈА ГИ ПОЧНА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ СО КЛУЧНИТЕ ПОГЛАВЈА 23 И 24

    Србија вечерва официјално ги отвори поглавјата 23 и 24 во пристапните преговори за ЕУ, најзначајните и најтешки поглавја што земја кандидат за членство треба да ги исполни, јавија српските медиуми.

    Поглавјето 23 се однесува на правосудството и основните човекови права, а поглавјето 24 е за прашањата од областа на правдата, слободата и безбедноста.

    Преговарачката позиција на ЕУ го содржи и мерките врз основа на кои европските институции и земјите членки ќе одлучуваат дали Србија напредувала во тие области.

    Преговорите за тие поглавја се поврзани со најзначајните реформи не само за придружување кон ЕУ, туку и за модернизација на државата. Од Србија се очекува во наредниот период да спроведе темелни реформи во правосудството и полицијата, да ја зајакне борбата против корупцијата и да ја заштити и унапреди слободата на медиумите.

    Двете клучни поглавја 23 и 24, кои се отвараат помеѓу првите и се затвораат дури пред крај на преговорите беа блокирани повеќе од три месеци со условувањето на Хрватска кои се однесуваа на регионалната јурисдикција во процесирањето на воените злосторства, малцинските права и соработката со Хашкиот трибунал.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира