СРБИЈА ГО БОЈКОТИРА САМИТОТ ЕУ-ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО БРИСЕЛ

    СРБИЈА ГО БОЈКОТИРА САМИТОТ ЕУ-ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО БРИСЕЛВучиќ вели дека Србија ќе продолжи по европскиот пат додека тој е претседател (Фото: Н1)

    Александар Вучиќ кажа дека нема да патува на самитот ЕУ-Западен Балкан, што се одржува денеска во Брисел, односно дека Србија нема да има свој претставник.

    „За првпат во последните 13-14 години, нема да одиме на таа меѓународна конференција. Никој нема да ја претставува Република Србија, така што Западен Балкан ќе помине без Србија“, изјави Вучиќ.

    Тој додаде дека донел таква одлука за да не биде виновен никој друг и владата да не трпи притисоци.

    „Во изминатите 24 часа разговарав со голем број европски лидери и искрено сум благодарен за почитта што кон Србија ја изразија Урсула фон дер Лајен и Антонио Коста. Сѐ што правам, правам за граѓаните на Србија. Без разлика што знам дека оваа одлука ќе предизвика критики, верувам дека со ова ги штитам Република Србија и нејзините интереси“, кажа Вучиќ.

    Тој додаде дека Србија ќе продолжи по европскиот пат барем додека тој е претседател.

    Србија беше критикувана во последниот извештај на Европската комисија за проширувањето и оваа година повторно не отвори нов кластер во преговорите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира