СРБИЈА И КОСОВО ГИ НОРМАЛИЗИРАА ЕКОНОМСКИТЕ ВРСКИ СО ПОСРЕДСТВО НА ТРАМП

    СРБИЈА И КОСОВО ГИ НОРМАЛИЗИРАА ЕКОНОМСКИТЕ ВРСКИ СО ПОСРЕДСТВО НА ТРАМПСрпскиот претседател Вучиќ и косовскиот премиер Хоти два дена преговараа со посредство на САД (Фото: АП)

    Србија и Косово објавија дека ќе ги нормализираат економските врски, а како дел од преговорите што се одвиваа со посредство на САД, Белград ќе ја премести својата амбасада во Израел во Ерусалим, а Косово ќе го признае Израел.

    По дводневниот состанок со официјални лица од администрацијата на Трамп, српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти се согласија двете држави да воспостават широка економска соработка, со цел да се привлечат инвеститори и да се отворат нови работни места. Косово исто така ќе се приклучи на царинската унија Мал Шенген.

    Ова му донесе нова дипломатска победа на Доналд Трамп во пресрет на претседателските избори во ноември.

    „Навистина, ова е историски! Едвај чекам да ги посетам двете земји во блиска иднина“, изјави Трамп.

    Српската одлука да ја премести амбасадата во Ерусалим е во интерес и на САД и на Израел. Администрацијата на Трамп го призна Ерусалим за главен град на Израел во 2017 година и охрабруваше и други држави таму да ја преселат својата амбасада.

    Во договорот што го потпишаа Вучиќ и Хоти ја нема спорната точка за меѓусебно признавање.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира