СРЕЌАВАЈТЕ СЕ СО ПОМАЛКУ ЛУЃЕ, НЕ ОДЕТЕ НА ПАТУВАЊА, АПЕЛИРАШЕ МЕРКЕЛ ДО ГЕРМАНЦИТЕ

    СРЕЌАВАЈТЕ СЕ СО ПОМАЛКУ ЛУЃЕ, НЕ ОДЕТЕ НА ПАТУВАЊА, АПЕЛИРАШЕ МЕРКЕЛ ДО ГЕРМАНЦИТЕМеркел предупреди дека пред Германија се тешки месеци додека земјата бележи нови рекордни бројки на новозаразени (Фото: Ројтерс)

    Ангела Меркел ги замоли Германците да бидат сплотени како пролетоска за да се забави ширењето на коронавирусот, откако земјата регистрираше нова рекордна бројка на нови случаи на зараза.

    „Тешки месеци се пред нас. Каква ќе биде зимата, каков Божиќ ќе имаме, ќе биде решено во наредните денови и недели и тоа ќе зависи од нашето однесување“, кажа Меркел.

    Таа упати личен апел до граѓаните да ги намалат социјалните контакти и да ги сведат патувањата на минимум, додека федералната и регионалните влади се мачат да договорат начини како да се скроти вториот бран на коронавирусот, а судовите укинуваат некои воведени забрани.

    „Мора да направиме сѐ за да спречиме вирусот да излезе од контрола. Секој ден се брои“, изјави Меркел.

    Според институтот „Роберт Кох“, во Германија денеска има 7.830 нови случаи на коронавирус, што е нов дневен рекорд. Политичари и здравствени експерти апелираа до населението доброволно да преземе мерки, покрај оние кои веќе се препорачани.

    „Среќавајте се со помалку луѓе, не одете на ниедно патување кое не е апсолутно суштинско. Останете дома, кога и да е можно тоа“, додаде Меркел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира