СРЃАН КЕРИМ ПАДНА НА ОСМО МЕСТО ВО ПЕТТАТА РУНДА ГЛАСАЊЕ ЗА ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА ОН

a:1:{s:9:"td_source";s:19:"Њујорк(ОН)

    СРЃАН КЕРИМ ПАДНА НА ОСМО МЕСТО ВО ПЕТТАТА РУНДА ГЛАСАЊЕ ЗА ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА ОН

    Срѓан Керим падна на осмото место во петтата рунда тајно гласање во Советот за безбедност на ОН за иден генерален секретар на ОН.

    На прво место и понатаму е поранешниот португалски премиер Антонио Гутереш, втор е кандидатот од Србија поранешниот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ, а трет е Мирослав Лајчек од Словачка.

    glasane-on

    Керим минатата рунда на гласање беше на четвртото место. Денеска добил шест позитивни и девет негативни гласови од амбасадорите на земјите членки на Советот за безбедност на ОН.

    Советот за безбедност ќе одржува тајни гласања се додека се постигне консензус за кандидат да го наследи генералниот секретар на Обединетите нации, Јужнокореецот Бан Ки-мун, кој ќе се повлече на крајот од 2016 година по два петгодишни мандати.

    Антонио Гутереш добил 12 позитивни, два негативни гласа, а еден член на Советот за безбедност гласал “без мислење“.

    На почетокот беа 12 кандидати за генерален секретар на ОН. Во меѓувреме тројца се откажаа. Зад Керим остана Наталија Герман поранешна министерка за надворешни работи на Молдавија.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари