СРПСКАТА ДИЈАСПОРА ЌЕ МОРА ДА ГЛАСА НА ИЗБОРИТЕ СПОРЕД ЛОКАЛНОТО ВРЕМЕ ВО СРБИЈА, ЗА НЕКОИ ТОА ЌЕ БИДЕ СРЕДЕ НОЌ

    СРПСКАТА ДИЈАСПОРА ЌЕ МОРА ДА ГЛАСА НА ИЗБОРИТЕ СПОРЕД ЛОКАЛНОТО ВРЕМЕ ВО СРБИЈА, ЗА НЕКОИ ТОА ЌЕ БИДЕ СРЕДЕ НОЌВучиќ се повлече од претседателската функција и ќе се обиде да ја задржи власта како премиер (Фото: АП)

    Во пресрет на парламентарните избори во Србија подоцна овој месец, српската изборна комисија го усогласи времето за гласање во странство со локалното време во земјата, што, според критичарите, би можело да го отежне гласањето за српската дијаспора на другиот крај на светот.

    Оваа одлука значи дека гласачите во Чикаго, каде што живее голема српска заедница, би требало да гласаат во периодот од еден часот по полноќ до 14 часот, додека Србите во делови од Австралија и Нов Зеланд би морале да излезат на избирачките места во текот на ноќта.

    Изборите на 25 октомври беа распишани од Александар Вучиќ пред тој да се повлече од претседателската функција, при што ќе се обиде да ја задржи власта како премиер. Аналитичарите предвидуваат неизвесна трка и висока излезност.

    Српската изборна комисија одлучи времето за гласање во странство да се усогласи со терминот за гласање во Србија, од седум до 20 часот, наместо со локалното време во соодветните земји. Притоа одобри отворање на 93 избирачки места во странство. Тоа е 12 повеќе во споредба со изборите во 2023, но девет од новите се наоѓаат во соседната Босна и Херцеговина, каде што живее бројно српско население, меѓу кое Вучиќ е многу популарен. Во БиХ ќе има вкупно 28 избирачки места.

    Софија Мандиќ, правна експертка и членка на изборната комисија, изјави дека измените во врска со гласањето во странство ги игнорирале барањата на опозицијата за отворање повеќе избирачки места во Северна Америка, Австралија и Европа.

    „Ова практично би можело да го оневозможи гласањето на повеќе од 26.000 луѓе. Оние од Ванкувер ќе треба да патуваат 3.500 километри за да гласаат во Торонто или Отава“, изјави таа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира