СРПСКИОТ ПАТРИЈАРХ ИРИНЕЈ ПОЧИНА ОД КОВИД-19

    СРПСКИОТ ПАТРИЈАРХ ИРИНЕЈ ПОЧИНА ОД КОВИД-19Иринеј беше назначен за 45. врховен поглавар на Српската православна црква во 2010 (Фото: АФП)

    Патријархот на Српската православна црква Иринеј почина утрово од ковид-19, откако завчера нагло му се влошила состојбата.

    Деведесетгодишниот Иринеј беше примен во воената болница во Белград на 5 ноември откако имаше позитивен тест за коронавирус. Само три дена порано, тој ја предводеше богослужбата во чест на митрополитот црногорско-приморски Амфилохије, кој исто така почина од ковид-19. На богослужбата во Подгорица никој не носеше маска, а некои од присутните го бакнуваа телото на Амфилохије, кое беше положено во отворен ковчег. Во лекувањето на Иринеј учествуваа и руски лекари.

    Иринеј стана 45. врховен поглавар на Српската православна црква во 2010 година, по смртта на неговиот претходник Павле.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира