СРПСКИТЕ ДЕСНИЧАРИ МУ СЕ ЗАКАНУВААТ НА ВУЧИЌ ПОРАДИ КОСОВО, ГИ ПРЕДВОДИ „НАРОДНА ПАТРОЛА“ КОЈА ИМА ВРСКИ СО „ВАГНЕР“

    СРПСКИТЕ ДЕСНИЧАРИ МУ СЕ ЗАКАНУВААТ НА ВУЧИЌ ПОРАДИ КОСОВО, ГИ ПРЕДВОДИ „НАРОДНА ПАТРОЛА“ КОЈА ИМА ВРСКИ СО „ВАГНЕР“Вучиќ ги опиша демонстрантите како „противсрпски“ (Фото: Танјуг)

    Проруските активисти оваа недела им се придружија на националистичките демонстранти на протестите против Александар Вучиќ во Белград. Извикувајќи „нема предавање“ и „предавство“, тие се заканија дека ќе предизвикаат нереди доколку Србија го поддржи планот на ЕУ за нормализирање на односите со Косово. Вучиќ, кон кого биле упатени и смртни закани, ги опиша демонстрантите како „противсрпски“.

    Уредникот на порталот „Србин.инфо“, Дејан Златановиќ и водачот на крајнодесничарската организавија „Народна патрола“, Дамњан Кнежевиќ, добија 30-дневен притвор под обвинение дека повикувале на насилна промена на уставниот поредок. Тие беа уапсени на 15 февруари по протестот пред Претседателството на Србија. Уште еден маж беше уапсен зашто донесол снајперска пушка на протестот.

    Владата кажа дека не верува дека Москва стои зад протестите, туку дека војната во Украина ги засилила тензиите во Србија.

    Како организатор на протестите се води Кнежевиќ, кој јавно ја поддржува руската платеничка група „Вагнер“ и неодамна беше снимен во нејзиното седиште во Санкт Петербург.

    Не ми треба некој од ‘Вагнер‘ да ми кажува што можам и што не можам да правам“, кажа Вучиќ.

    Една година по почетокот на војната во Украина, Србија се мачи да ги одржи односите со Русија, додека истовремено сака да се доближи до ЕУ. Вучиќ неодамна кажа дека Србија можеби ќе мора да ѝ воведе санкции на Русија.

    Би сторил сè за мајка Србија и мајка Русија. Тие се едно“, вели Владо Станиќ, носејќи маица со ликот на Путин.

    Тој застапува екстремна верзија на панславизмот дека Србија има историски и верски врски со Русија, а Путин го опишува како цар. Во 2015, тој се борел во источна Украина во редовите на проруските сили, по што бил затворен во Србија.

    Чедомир Стојковиќ, еден од најгласните противници на руското влијание, предупредува дека Србија е под хибридна окупација која резултираше со сегашната широка поддршка за Русија.

    Петнаесет години Русија спроведуваше голема операција во Србија. Нејзините разузнавачи се присутни во голем обем. Вложуваат пари и купуваат медиуми и уредници“, вели Стојковиќ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира