СРПСКИТЕ ВЕРСКИ ЛИДЕРИ ПОЗИТИВНИ НА КОРОНАВИРУС ПО ПОГРЕБОТ НА МИТРОПОЛИТОТ АМФИЛОХИЈЕ, НА КОЈ ПРИСУТНИТЕ МУ ГО БАКНУВАА ТЕЛОТО

    СРПСКИТЕ ВЕРСКИ ЛИДЕРИ ПОЗИТИВНИ НА КОРОНАВИРУС ПО ПОГРЕБОТ НА МИТРОПОЛИТОТ АМФИЛОХИЈЕ, НА КОЈ ПРИСУТНИТЕ МУ ГО БАКНУВАА ТЕЛОТОСрпскиот патријарх Иринеј ја предводеше богослужбата за Амфилохије во неделата, на која никој не носеше маска (Фото: Гети)

    Лидерите на Српската православна црква се позитивни на коронавирус неколку дена откако присуствуваа на погребот на митрополитот црногорско-приморски Амфилохије Радовиќ, кој почина од последиците на ковид-19.

    Деветдесетгодишниот српски патријарх Иринеј денеска е примен во болница во Белград со покачена температура, а заразен е и никшиќкиот епископ Јоаникије, кој се наоѓа во самоизолација.

    Голем број луѓе присуствуваа на црковната служба во чест на Амфилохије во неделата, при што никој не носеше маска, а многумина го бакнуваа неговото тело, кое беше положено во отворен ковчег. Меѓу присутните беа и српскиот претседател Александар Вучиќ и мандатарот за состав на црногорската влада Здравко Кривокапиќ.

    Амфилохије, кој почина во петокот, важеше за една од најмоќните личности во Црна Гора и среде првиот бран на пандемијата предводеше протести во Подгорица и постојано се противеше на носење маска. И неговиот наследник имал блага пневмонија.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира