Стотина луѓе се повредени откако полицијата со судри со десетици илјади антивладини демонстранти, кои се собраа низ цела Романија.
Медиумите објавија дека на протестите излегоа меѓу 30 и 50.000 луѓе, меѓу кои имало и припадници на дијаспората.
Во Букурешт се фрлало со шишиња и камења, на што полицијата возвратила со чадни бомби, солзавец и со водени топови. Околу 100 демонстранти побарале медицинска помош, а повредени се и десетина полицајци.
Група луѓе се обиде насилно да влезе во зградата на романскиот парламент, но биле запрени со силен полициски кордон.
Демонстрантите бараат оставка на владата, обвинувајќи ги владејачките Социјалдемократи за слабеење на судството, корупција и за намалување на плати.
Протестите се засилија откако минатиот месец претседателот Клаус Јоханис ја отпушти антикорупциската обвинителка Лаура Кодруца-Кевеши, која водеше истрага против низа политичари на локално и национално ниво.