СТОТИЦИ ВЕРСКИ ВОДАЧИ ПОБАРАА ДА СЕ ЗАБРАНАТ ТЕРАПИИТЕ ЗА ПРЕОБРАТУВАЊЕ НА ХОМОСЕКСУАЛЦИ

    СТОТИЦИ ВЕРСКИ ВОДАЧИ ПОБАРАА ДА СЕ ЗАБРАНАТ ТЕРАПИИТЕ ЗА ПРЕОБРАТУВАЊЕ НА ХОМОСЕКСУАЛЦИМеѓу потписниците на декларацијата е и нобеловецот Дезмонд Туту (Фото: Гети)

    Повеќе од 370 верски водачи од цел свет повикаа да се забранат контроверзните терапии за преобратување, односно обид да се промени нечија сексуална ориентација.

    Меѓу потписниците на декларацијата има претставници на сите големи вери на светот, вклучувајќи го и нобеловецот Дезмонд Туту.

    Терапија за преобратување се однесува на секој облик на лекување или психотерапија што има за цел да промени нечија сексуална ориентација или да потисне нечиј родов идентитет, што може да се прави на разни начини, од електрошокови до верско учење. Оваа практика, која е оспорена од голем број медицински здруженија, е веќе прогласена за незаконска во Швајцарија и во области на САД, Канада и Австралија. И британскиот премиер Борис Џонсон во неколку наврати вети дека ќе ја забрани.

    Едно истражување од 2018 година спроведено меѓу 108.000 членови на ЛГБТ заедницата во Велика Британија покажа дека 2% од нив биле подложени на ваква терапија, а на 5% им била понудена.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира