СУДОТ ГО ОТФРЛИ СЛУЧАЈОТ ПРОТИВ АЛЕК БОЛДВИН ЗА НЕНАМЕРНО УБИСТВО НА СНИМАТЕЛКАТА, ПОРАДИ КРИЕЊЕ ДОКАЗИ ОД ОБВИНИТЕЛСТВОТО

    СУДОТ ГО ОТФРЛИ СЛУЧАЈОТ ПРОТИВ АЛЕК БОЛДВИН ЗА НЕНАМЕРНО УБИСТВО НА СНИМАТЕЛКАТА, ПОРАДИ КРИЕЊЕ ДОКАЗИ ОД ОБВИНИТЕЛСТВОТОНа Болдвин нема да му се суди повторно. (Фото: АП)

    Алек Болдвин се расплака кога судијката во Ново Мексико го отфрли случајот против него за ненамерно убиство, за фаталното пукање на сетот на филмот “Раст“. Судењето заврши три дена по почетокот во Санта Фе, во судот на само неколку километри од местото каде што кинематограферката Халина Хачинс беше застрелана со револвер што Болдвин го користел на пробите. Ова е вторпат случајот против актерот да биде отфрлен, по пукањето во октомври 2021. Нема да му се суди повторно.

    Неговите адвокати тврдат дека полицијата и обвинителството криеле докази – серија куршуми – кои би можеле да бидат поврзани со пукањето.

    Клучен аспект на случајот е како боевата муниција завршила на сетот и адвокатите на Болдвин ја преиспитале истрагата и грешките направени од властите кои го обработиле местото на настанот. Нивниот предлог за отфрлање на слчајот предизвика необичен след на настани, при што еден од двајцата специјални обвинители кои го предводеа случајот поднесе оставка, а судијката Мери Марлоу Сомер ја разреши поротата за да сослуша повеќе сведоци.

    Куршумите, рече адвокатот на Болдвин, може да се поврзани со смртта на Хачинс, но се поднесени во различен случај со различен број. Обвинителите тврдеа дека муницијата не била поврзана со случајот и не се совпаѓала со куршумите пронајдени на сетот на „Раст“. Сепак, судијката пресуди дека тие требало да бидат споделени со тимот на одбраната на Болдвин, без оглед на тоа.

    „Ова било намерно криење на оваа информација од страна на државата. Нема начин судот да ја исправи оваа грешка“, рече таа.

    Обвинителите нема да можат повторно да поднесат обвинение против Болдвин, бидејќи судијата не го прогласи случајот како неправилен судски процес, туку целосно го отфрли.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира