СВЕЧЕНО ОТВОРЕН ПЕЉЕШКИ МОСТ, КОЈ ГИ СПОИ ДВАТА ДЕЛА ОД ХРВАТСКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ, ГО ГРАДЕА КИНЕЗИ СО ЕВРОПСКИ ПАРИ

    СВЕЧЕНО ОТВОРЕН ПЕЉЕШКИ МОСТ, КОЈ ГИ СПОИ ДВАТА ДЕЛА ОД ХРВАТСКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ, ГО ГРАДЕА КИНЕЗИ СО ЕВРОПСКИ ПАРИМостот долг 2,4 километри го градеше Кина, но ЕУ обезбеди најголем дел од средствата (Фото: Пиксел)

    Пељешки мост, најголемиот проект во Хрватска финансиран од Европската Унија, свечено беше отворен синоќа, а редовниот промет преку мостот кој го поврзува југот на Хрватска со остатокот на земјата почна на полноќ.

    Ова е историски ден за Хрватска. Горди сме затоа што сме дел од генерацијата која оствари вака голем чин на спојување на хрватската територија. Ова беше голем хрватски сон“, изјави премиерот Андреј Пленковиќ.

    Мостот долг 2,4 километри го градеше Кина, но Европската Унија се согласи да обезбеди неповратни средства од 357 милиони евра во вкупната инвестиција од 525 милиони евра, сосе пристапните патишта и тунели и друга инфраструктура. Парите беа одобрени во 2017, четири години откако Хрватска стана членка на ЕУ.

    По распаѓањето на Југославија и осамостојувањето на Хрватска, новите граници придонесоа двата дела од хрватското крајбрежје да бидат разделени од деветкилометарска секција позната како коридорот Неум, кој е во состав на БиХ.

    Босанското право на пристап кон морето датира од 1699 година, кога Дубровник го отстапил Неум на Отоманското Царство. Бидејќи БиХ не е членка на ЕУ, сите кои патуваа од северот на Хрватска кон Дубровник или доаѓаа од полуостровот Пељешац досега мораа да минуваат преку два гранични премина, што сега ќе се избегнува со мостот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира