СВЕТОТ ДЕНЕСКА ЈА НАДМИНА ГРАНИЦАТА ОД ОСУМ МИЛИЈАРДИ ЖИТЕЛИ

    СВЕТОТ ДЕНЕСКА ЈА НАДМИНА ГРАНИЦАТА ОД ОСУМ МИЛИЈАРДИ ЖИТЕЛИСадија Султана Оише и Аднан Мевиќ беа избрани за седуммилијардитиот и шестмилијардитиот жител на Земјата

    Обединетите нации објавија дека светското население стигна до бројката од осум милијарди жители, 11 години откако беше надмината границата од седум милијарди.

    По големиот раст на населението во средината на 20. век, тој сега веќе е успорен. ОН проценуваат дека ќе бидат потребни 15 години за да се дојде до бројката од девет милијарди жители, а десет милијарди не се очекуваат до 2080 година.

    Тешко е да се пресмета точниот број луѓе на планетата, но, според ОН, 15 ноември беше најдобрата проценка за поминување на линијата од осум милијарди жители. Во претходните вакви случаи, ОН избираше бебиња кои ги претставуваа јубилејните луѓе.

    Така Матеј Гашпар беше избран за петмилијардитиот човек на Земјата кога се роди во јули 1987 во Загреб. Триесет и пет години подоцна, тој одбива да дава интервјуа, обидувајќи се да заборави на помпата која го следеше неговото раѓање, а според неговата фејсбук страница, живее во Загреб, женет е и работи како хемиски инженер.

    Шестмилијардитиот жител е роден во октомври 1999, за што беше избран Аднан Мевиќ од Сараево, а 12 години подоцна во Бангладеш е родена Садија Султана Оише како седуммилијардитиот човек.

    ОН проценуваат дека светската популација ќе го достигне својот врв во 2080-ите со 10,4 милијарди жители, но некои аналитичари сметаат дека тоа ќе се случи и порано.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира