СВЕТОТ СЕ МОБИЛИЗИРА ЗА ДА ИМ ПОМОГНЕ НА ТУРЦИЈА И СИРИЈА ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ КОЈ ОДНЕСЕ НАД 1.900 ЖИВОТИ

    СВЕТОТ СЕ МОБИЛИЗИРА ЗА ДА ИМ ПОМОГНЕ НА ТУРЦИЈА И СИРИЈА ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ КОЈ ОДНЕСЕ НАД 1.900 ЖИВОТИЗемјотресот остави тешки последици и во Сирија (Фото: Гети)

    Светот се мобилизира за да им помогне на Турција и Сирија, кои утрово беа погодени од катастрофален земјотрес, што, според последните официјални информации, однесе над 1.900 животи. Бројот на загинати во Турција порасна на 1.121, додека во Сирија има најмалку 810 мртви и се очекува трагичниот биланс да биде значително поголем.

    Југоисточниот дел на Турција утрово ја погоди земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтерова скала, најсилен од 1939 година, а неполни 12 часа подоцна уследи уште еден од 7,5 степени. Земјотресот остави тешки последици и во Сирија, како во делот што го контролира Дамаск, така и во бунтовничките области, а бил почувствуван сè до Кипар и Каиро.

    Овдека живееја 12 семејства. Никој од нив не се спасил“, изјави млад жител на сирискиот град Џандарис во провинцијата Алепо, покажувајќи на остатоците од една повеќекатница.

    Турската агенција за управување со катастрофи и итни случаи објави дека најмногу загинати има во провинциите Хатај (250), Газијантеп (200) и Караманмараш (191).

    Европската Унија објави дека се активирани тимови за помош од десетина нејзини членки, а меѓу државите кои најавија помош се и САД, Русија, Кина, Израел, Индија, Пакистан и Велика Британија.

    Спасувачките напори во следните денови ќе бидат отежнати од тешките временски услови во некои од погодените подрачја, што вклучува пороен дожд, снежни врнежи и смрзнувачки температури. Турција објави дека само во првиот земјотрес, чиј епицентар бил близу Газијантеп, биле разурнати над 2.800 згради.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира