Лидерите на 20-те најголеми светски економии постигнаа историски договор за оданочување на профитот на големите компании со најмалку 15%. Ова следува поради загриженоста дека мултинационалните компании го пренасочуваат својот профит преку земјите со ниски даноци.
Договорот беше постигнат на самитот на Г20 во Рим и со него се согласија сите светски лидери, иако Владимир Путин и Шји Џинпинг не допатуваа во Италија, туку учествуваа преку видеоврска.
Договорот за минимален глобален корпоративен данок беше предложен од САД и се очекува и официјално да биде усвоен утре, а на сила треба да стапи во 2023 година.
„Ова е критичен момент за глобалната економија. Американските бизниси и работници ќе имаат големи придобивки од договорот, иако бројните мегакомпании со седиште во САД ќе мора плаќаат повеќе данок“, изјави американската секретарка за трговија Џенет Јулен.