СЗО ЈА ОДОБРИ КОВИД ВАКЦИНАТА НА КИНЕСКАТА КОМПАНИЈА „СИНОВАК“

    СЗО ЈА ОДОБРИ КОВИД ВАКЦИНАТА НА КИНЕСКАТА КОМПАНИЈА „СИНОВАК“СЗО кажа дека вакцината на „Синовак“ дава 51-процентна заштита од симптоматски случаи на ковид-19 (Фото: Ројтерс)

    Светската здравствена организација ја одобри употребата на ковид вакцината развиена од компанијата „Синовак бајотек“, отворајќи можност за користење на втора кинеска вакцина во посиромашните земји.

    СЗО на овој начин им испрати сигнал на националните регулатори дека вакцината е безбедна и делотворна, со што таа ќе биде вклучена и во глобалната програма Ковакс. Панелот на експерти на СЗО соопшти дека вакцината може да им се дава на сите лица над 18 години, без да постави горна возрасна граница.

    Ова е осма вакцина против ковид-19 одобрена од СЗО и втора од Кина, откако на 7 мај зелено светло доби и вакцината на „Синофарм“.

    СЗО кажа дека резултатите од тестирањата покажале дека таа дава 51-процентна заштита од симптоматски случаи на ковид-19, како и стопроцентна заштита од сериозно разболување и хоспитализација.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира