СЗО ЈА ПОВИКА РУСИЈА ДА БИДЕ ПРЕТПАЗЛИВА СО НАЈАВЕНАТА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19

    СЗО ЈА ПОВИКА РУСИЈА ДА БИДЕ ПРЕТПАЗЛИВА СО НАЈАВЕНАТА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19Руската вакцина не е на листата на СЗО од 6 вакцини кои стигнале до третата фаза на клиничкото тестирање, кое вклучува и пошироко тестирање врз луѓе. (Фото: АП)

    Светската здравствена организација (СЗО) ја повика Русија да ги следи меѓународните правила за вакцината против ковид-19, откако змејата објави дека во октомври ќе почне со вакцинирање.

    „Понекогаш, индивидуалните истражувања тврдат дека пронашле нешто, што се разбира, само по себе, е добра вест. Но има голема разлика меѓу изум или мислење дека имаш делотворна вакцина и нејзино минување низ сите фази“, рече портпаролот на СЗО Кристијан Линдмајер.

    Минатата недела, руската влада соопшти дека се подготвува да почне со масовно вакцинирање. Сепак, руската вакцина не е на листата на СЗО од 6 вакцини кои стигнале до третата фаза на клиничкото тестирање, кое вклучува и пошироко тестирање врз луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира