ТАЛИБАНИ ДЕТОНИРАА АМБУЛАНТНО ВОЗИЛО ВО КАБУЛ, НАЈМАЛКУ 95 МРТВИ

    ТАЛИБАНИ ДЕТОНИРАА АМБУЛАНТНО ВОЗИЛО ВО КАБУЛ, НАЈМАЛКУ 95 МРТВИОва е најсмртоносниот бомбашки напад во Афганистан во последните неколку месеци (Фото: Гети)

    Амбулантно возило натоварено со експлозив беше детонирано во центарот на Кабул, убивајќи најмалку 95 луѓе, според последните информации.

    Напаѓачите поминале полициска контрола во улица којашто е отворена само за вработени во владата, при што експлозијата се случи покрај старата зграда на министерството за внатрешни работи и канцелариите на Европската Унија.

    Талибаните соопштија дека ја преземаат одговорноста за самоубиствениот напад, кој е најсмртоносен во Афганистан во последните неколку месеци. Пред една недела, тие извршија напад и врз луксузен хотел во Кабул, при што загинаа 22 луѓе, повеќето странски државјани.

    „Полицијата сфати дека се подготвува напад кај втората контролна точка, но не успеа да ги сопре напаѓачите“, кажа портпаролот на министерството за внатрешни работи, Насрат Рахими.

    Тој додаде дека бројот на загинати сигурно ќе порасне, бидејќи има и најмалку 150 повредени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира