ТАЛИБАНЦИТЕ ГО ОСВОИЈА И КАНДАХАР, ВТОРИОТ НАЈГОЛЕМ ГРАД ВО АВГАНИСТАН

    ТАЛИБАНЦИТЕ ГО ОСВОИЈА И КАНДАХАР, ВТОРИОТ НАЈГОЛЕМ ГРАД ВО АВГАНИСТАНТалибанските борци вчера влегоа и во Газни и сега контролираат најголем дел од северот на земјата (Фото: АП)

    Талибанските бунтовници го зазедоа вториот најголем град во Авганистан, Кандахар, нанесувајќи ѝ голем удар на владата. Градот своевремено беше упориште на Талибанците и стратешки е многу важен како центар на трговијата.

    „По големите борби изминатата ноќ, Талибанците ја презедоа контролата врз Кандахар“, изјави претставник на локалната власт.

    Ова следува само седум дена откако Талибанците го освоија првиот провинциски главен град во Авганистан, а сега контролираат една третина од нив и најголем дел од северот на земјата. Тие вчера влегоа и во Газни и Херат.

    Бунтовниците брзо напредуваа откако САД и сојузничките војски почнаа да се повлекуваат од земјата, што треба да биде довршено до 11 септември. Вашингтон најави дека ќе испрати 3.000 војници за да помогнат во евакуацијата на вработените во американската амбасада во Кабул.

    Во рок од само неколку часа, Талибанците вчера ги освоија Херат, Газни и Кала-И-Нав, а под закана е и Лашкар Гах, главен град на провинцијата Хелманд. Се стравува дека тие со голема брзина ќе ја продолжат својата офанзива кон Кабул, додека претседателот Ашраф Гани не успеа да ги обедини расцепканите милиции за борба против Талибанците.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира