ТАЛИБАНЦИТЕ ИМ НАРЕДИЈА НА ЖЕНИТЕ ДА НОСАТ БУРКА И ДА СЕДАТ ДОМА АКО НЕМААТ ВАЖНА РАБОТА НАДВОР

    ТАЛИБАНЦИТЕ ИМ НАРЕДИЈА НА ЖЕНИТЕ ДА НОСАТ БУРКА И ДА СЕДАТ ДОМА АКО НЕМААТ ВАЖНА РАБОТА НАДВОРМногу жени во Авганистан веќе носат бурка (Фото: АП)

    Жените во Авганистан по неколку децении повторно ќе мора да бидат целосно покриени во јавност, откако талибанските власти усвоија уредба, според која тие смеат да ги покажат само очите. Талибанците го наметнаа носењето бурка и во своето претходно владеење од 1996 до 2001 година.

    Многу жени во Авганистан веќе носат бурка, но некои, особено во урбаните области, само ја покриваат косата. Уредбата беше усвоена од талибанското министерство за превенција на пороци и промоција на вредности. Иако уредбата е претставена како препорака, машки член на семејството би можел да оди во затвор на три дена ако жената не се придржува до неа.

    „Сакаме нашите сестри да живеат достоинствено и безбедно“, кажа министерот Калид Ханафи, додавајќи дека е најдобро жените да носат бурка.

    Во уредбата се вели и дека ако жената нема важна работа надвор, најдобро е да остане дома.

    „Исламските принципи и исламската идеологија ни се најважното нешто“, кажа Ханафи.

    Талибанците претходно им дозволија на девојчињата да одат на училиште само до шестото одделение.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира