ТАЛИБАНЦИТЕ ДОЈДОА ВО НОРВЕШКА НА РАЗГОВОР СО ЗАПАДНИТЕ ВЛАДИ, АВГАНИСТАН ВО ХУМАНИТАРНА КРИЗА

    ТАЛИБАНЦИТЕ ДОЈДОА ВО НОРВЕШКА НА РАЗГОВОР СО ЗАПАДНИТЕ ВЛАДИ, АВГАНИСТАН ВО ХУМАНИТАРНА КРИЗАОва е прво патување на талибанците во Европа откако во август се вратија на власт (Фото: АП)

    Талибанска делегација предводена од министерот за надворешни работи Амир Кан Мутаки пристигна во Норвешка каде што во следните три дена ќе има средби со претставници на западните влади и на авганистанското граѓанско друштво, додека во земјата се нарушува хуманитарната ситуација. Ова е прво патување на талибанците во Европа откако во август се вратија на власт во Авганистан.

    Состанокот ќе се одржи зад затворени врати во хотел во Осло. Мутаки ѝ се заблагодари на Норвешка за домаќинството, сметајќи дека таа може да биде порта кон позитивни врски со Европа.

    За време на разговорите се очекува да биде покренато и прашањето за ослободување на речиси 10 милијарди долари, што стојат замрзнати во САД и други западни земји, со цел Авганистан да ја олесни несигурната хуманитарна ситуација.

    Талибанската делегација се согласи да се сретне со претставници на Авганистанците во Норвешка, меѓу кои ќе има активистки, новинари и луѓе кои работат со човекови права.

    Норвешката министерка за надворешни работи Аникен Хујтфелд нагласи дека оваа посета не значи признавање на талибанската власт, но дека е неопходно да се одржува дијалог.

    „Ние сме многу загрижени за ситуацијата во Авганистан. Економските и политичките услови создадоа хуманитарна катастрофа за милиони луѓе, кои се соочуваат со глад“, изјави Хујтфелд.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира