ТАЛИБАНЦИТЕ ТВРДАТ ДЕКА ЈА ЗАЗЕЛЕ ДОЛИНАТА ПАНЏШИР, ПОСЛЕДНАТА ПРОВИНЦИЈА КОЈА НЕ БЕШЕ ПОД НИВНА КОНТРОЛА

    ТАЛИБАНЦИТЕ ТВРДАТ ДЕКА ЈА ЗАЗЕЛЕ ДОЛИНАТА ПАНЏШИР, ПОСЛЕДНАТА ПРОВИНЦИЈА КОЈА НЕ БЕШЕ ПОД НИВНА КОНТРОЛАИнформациите велат дека во борбите за Панџшир има стотици мртви (Фото: Гети)

    Три талибански извори изјавија дека нивните борци ја зазеле долината Панџшир северно од Кабул, последната авганистанска провинција која сè уште не беше под контрола на талибанците, додека лидерот на отпорот го негираше тоа, потврдувајќи дека ситуацијата е тешка.

    „Сега ја имаме контролата врз целиот Авганистан. Оние што правеа проблеми се поразени и Панџшир сега е под наша контрола“, изјави еден талибански командир.

    Информациите велат дека во борбите за Панџшир има стотици мртви. Во традиционалното упориште против талибанците живеат меѓу 150.000 и 200.000 луѓе и оваа мала провинција е скриена зад планински врвови. Отпорот, во кој учествуваат поранешни припадници на авганистанските безбедносни сили и локални милиции, е предводен од локалниот племенски лидер Ахмад Масуд, чиј татко беше легендарен борец против советската инвазија во 1980-ите и потоа против талибанците во 1990-ите. Тој беше убиен од Ал Каеда неколку дена пред нападите на САД на 11 септември 2001.

    „Жртви има на двете страни. Нема сомнение дека се наоѓаме во тешка ситуација. Талибанците прават инвазија, Нема да се предадеме, ќе се бориме за Авганистан“, изјави бившиот потпретседател на Авганистан, Амрула Салех.

    Панџшир не беше под контрола на талибанците кога последен пат беа на власт од 1996 до 2001 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира