ТЕОРЕТИЧАРОТ НА ЗАГОВОРИ АЛЕКС ЏОНС МОРА ДА ПЛАТИ 965 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА ТВРДЕЊАТА ДЕКА МАСАКРОТ ВО УЧИЛИШТЕТО ВО СЕНДИ ХУК Е ЛАГА

    ТЕОРЕТИЧАРОТ НА ЗАГОВОРИ АЛЕКС ЏОНС МОРА ДА ПЛАТИ 965 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА ТВРДЕЊАТА ДЕКА МАСАКРОТ ВО УЧИЛИШТЕТО ВО СЕНДИ ХУК Е ЛАГАЏонс со години тврдеше дека масакрот бил инсцениран владин заговор за да им се одземе оружјето на Американците (Фото: АП)

    Американскиот теоретичар на заговори Алекс Џонс ќе мора да плати отштета од 965 милиони долари за лажните тврдења дека масакрот во основното училиште во Сенди Хук во Конектикат во 2012 бил измама. Во нападот што ја шокираше Америка беа убиени 12 деца и шест возрасни.

    Тој беше тужен за клевета од семејствата на осум жртви и од агент на ФБИ кој одговорил на нападот, при што бараа 550 милиони долари. Тие го обвинија крајнодесничарскиот радиоводител дека неговите дезинформации резултираа со долгогодишни вознемирувања и смртни закани.

    Џонс, основачот на контроверзниот сајт „Инфоворс“, со години тврдеше дека масакрот бил инсцениран владин заговор за да им се одземе оружјето на Американците и дека никој всушност не бил убиен. Родителите на жртвите ги нарекуваше актери и тврдеше дека некои од нив не ни постојат.

    На друго судење за клевета во Тексас, тој во август призна дека нападот е „стопроцентно вистински“.

    Тринеделното судење во Конектикат беше обележано од емотивните сведочења на родителите на жртвите. Едни опишуваа како биле изложени на омраза, а други дека морале да се иселат заради својата безбедност. Во исто време, Џонс и неговата компанија заработиле милиони долари од продажбата на разни производи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира