ТЕЖОК ПОРАЗ НА ПАРТИЈАТА НА МЕРКЕЛ ВО ДВЕ ПОКРАИНИ НА СТАРТОТ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

    ТЕЖОК ПОРАЗ НА ПАРТИЈАТА НА МЕРКЕЛ ВО ДВЕ ПОКРАИНИ НА СТАРТОТ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИМаратонските избори ќе кулминираат на 26 септември, кога ќе се добие наследниот на Меркел на канцеларската функција (Фото: АП)

    Партијата на Ангела Меркел доживеа историски пораз на локалните избори во две клучни сојузни покраини во Германија, велат излезните анкети. Денешното гласање во Баден-Виртемберг и Рајнска Област-Пфалц означија почеток на изборниот маратон, што ќе кулминира со националните избори на 26 септември. Тие исто така ќе решат кој ќе ја наследи Ангела Меркел на канцеларската функција.

    Демохристијанскиот сојуз освои рекордно ниски 23% во југозападната покраина Баден-Виртемберг, додека поддршката во соседната Рајнска Област-Пфалц падна на 26,5%, што му е најслаб резултат досега во оваа покраина, велат излезните анкети спроведени од телевизиите ЗДФ и ОРФ.

    Денешните избори му обезбедија трет премиерски мандат на Винфрид Кречман (Партија на зелените) во Баден-Виртемберг, додека социјалдемократката Малу Дрејер остана на власт во Рајнска Област-Пфалц.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира