ТИЕ ГО ИМААТ ДОЛАРОТ, НИЕ ГО ИМАМЕ ГОСПОД, ИЗЈАВИ ЕРДОГАН ОТКАКО ТРАМП ЈА УРНА ТУРСКАТА ЛИРА

    ТИЕ ГО ИМААТ ДОЛАРОТ, НИЕ ГО ИМАМЕ ГОСПОД, ИЗЈАВИ ЕРДОГАН ОТКАКО ТРАМП ЈА УРНА ТУРСКАТА ЛИРАЕрдоган им се обраќа на приврзаниците (Фото: АП)

    Претседателот Реџеп Таип Ердоган им порача на Турците да ги продадат своите долари и злато за да ја поддржат турската лира, чија вредност драматично падна откако американскиот претседател Доналд Трамп влезе во конфликт со својот НАТО-сојузник, удвојувајќи ги тарифите за извоз на метали.

    Вредноста на турската лира вчера во еден момент падна за 18 проценти, што е најголемата еднодневна финансиска криза во земјата од 2001 година. Од почетокот на годината, турската лира изгуби над 40 проценти од својата вредност и ова уште повеќе се влоши откако Трамп воведе повисоки тарифи за Турција, вклучувајќи го зголемувањето од 20% за алуминиум и 50% за челик.

    Во април, еден долар можеше да се купи за четири турски лири, а вчера неговата вредност порасна на 7,081 лира.

    Ердоган му порача на Трамп дека Турција ќе го издржи овој притисок.

    „Против нас се водат разни кампањи. Не ги слушајте! И не заборавајте: тие го имаат доларот, ние ги имаме нашиот народ и нашиот Господ. Ние работиме напорно. Погледнете каде бевме пред 16 години, а каде сме сега“, изјави турскиот претседател.

    Трамп призна дека односите со Турција не се добри.

    „Лирата драматично падна во однос на нашиот силен долар. Нашите односи со Турција не се добри сега“, напиша тој на Твитер.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари