ТикТок ќе биде забранет во САД од недела, кога стапува на сила извршната наредба потпишана од Доналд Трамп и корисниците веќе нема да можат да ја даунлодираат оваа видеоапликација.
Трамп и неговата администрација се закануваа дека ќе го забранат ТикТок, обвинувајќи ја Кина дека се служи со него за да ги собира податоците на американските граѓани.
„Оракл“ е фаворит да ги купи американските операции на ТикТок и доколку договорот не биде постигнат до 12 ноември, апликацијата целосно ќе биде забранета и, според американското министерство за трговија, нејзините користење и даунлодирање ќе се сметаат за незаконско.
Освен ТикТок, ќе биде забранета и апликацијата ВиЧет. ТикТок има 100 милиони корисници во САД и особено е популарен меѓу младите.