ТИНЕЈЏЕРКА СЕ ФРЛИ ОД ЗГРАДА ВО ЈАПОНИЈА И УСМРТИ ЖЕНА ВРЗ КОЈА ПАДНА

    ТИНЕЈЏЕРКА СЕ ФРЛИ ОД ЗГРАДА ВО ЈАПОНИЈА И УСМРТИ ЖЕНА ВРЗ КОЈА ПАДНАТрагедијата се случи во прометна деловна област во Јокохама (Фото: Гети)

    Двајца луѓе загинаа во јапонскиот град Јокохама откако тинејџерка се фрли од зграда, при што падна врз пешак. Седумнаесетгодишната средношколка се фрлила од трговски центар во прометна деловна област, удирајќи во 32-годишна жена која била надвор со свои пријатели.

    Двајцата веднаш биле превезени во болница, каде што по некое време починале.

    Причината за самоубиството не е позната, но официјални податоци покажуваат дека во Јапонија има повеќе самоубиства на малолетници на 1 септември, пред самиот почеток на учебната година, отколку кој било друг ден во годината. Минатата година, 513 деца си го одзеле животот во Јапонија, при што најчест фактор се проблеми во училиштето.

    Јапонија е единствената членка на Г7 каде што самоубиството е водечката причина за смрт кај малолетниците.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира