ТОА НЕ СЕ КРИМИНАЛЦИ, ТИЕ ДОШЛЕ ДА МИ НАПРАВАТ ПОДОБРО ОКРУЖУВАЊЕ, КАЖА ВУЧИЌ ЗА ДЕПОРТИРАНИТЕ СРПСКИ ДРЖАВЈАНИ ОД ЦРНА ГОРА

    ТОА НЕ СЕ КРИМИНАЛЦИ, ТИЕ ДОШЛЕ ДА МИ НАПРАВАТ ПОДОБРО ОКРУЖУВАЊЕ, КАЖА ВУЧИЌ ЗА ДЕПОРТИРАНИТЕ СРПСКИ ДРЖАВЈАНИ ОД ЦРНА ГОРАВучиќ по доаѓањето во Тиват кажа дека се чувствува безбедно (Фото: Н1)

    Српскиот претседател Александар Вучиќ пристигна во Тиват за да учествува на самитот ЕУ-Западен Балкан, ден откако на 87 српски државјани не им беше дозволен влез во Црна Гора, по што нивниот авион беше вратен во Белград. Тој претходно кажа дека не се осврнува на закани, откако српската безбедносна агенција БИА го советуваше да не оди во Црна Гора зашто животот му е загрозен.

    Вучиќ кажа дека чартер летот со приврзаниците на Српската напредна партија го организирал некој од неговото окружување, кој со тоа направил многу лоша политичка проценка.

    Лага е дека станува збор за некакви криминалци, тоа се активисти кои требало да закачат некои банери. Тие дојдоа за да ми овозможат подобро окружување, на кое јас веројатно би се израдувал, но никој не ме праша дали јас го сакам тоа. Тоа можеше поинаку да се реши. Тие немале намери да направат ништо лошо, немаа оружје, немаа ништо. Тие не направија ниеден прекршок и противзаконски им беше забранет влез. Црна Гора прави насилници од нас“, рече Вучиќ по доаѓањето во Тиват, додавајќи дека се чувствува безбедно.

    Весникот „Вијести“ вчера објави дека авионот на „Ер Србија“ бил задржан на пистата заради детална проверка на патниците, кои повеќето биле млади, набилдани и тетовирани и не сакале да ѝ кажат на полицијата зошто дошле во Црна Гора. Според податоците на полицијата, повеќето од патниците имале криминално досие и имале задача неформално да го обезбедуваат Вучиќ на самитот.

    По овој инцидент, Србија денеска воведе строги контроли на граничните премини со Црна Гора, каде што се создадоа долги колони на возила.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира