ТОМ ХЕНКС И СОПРУГАТА РИТА ИМААТ КОРОНАВИРУС

    ТОМ ХЕНКС И СОПРУГАТА РИТА ИМААТ КОРОНАВИРУСХенкс и Вилсон се заразиле во Австралија и сега се во изолација (Фото: ЕПА)

    Прославениот актер Том Хенкс и неговата сопруга Рита објавија дека имаат коронавирус. Тие велат дека побарале медицинска помош откако почувствувале симптоми на треска во австралиската сојузна држава Квинсленд.

    „Сега сме во изолација“, напиша 63-годишниот оскаровец на Инстаграм.

    Хенкс и Вилсон престојуваа во Австралија, каде што тој работеше на нов филм за животот на Елвис Присли.

    „Во еден момент почнавме да се чувствуваме уморно, како да имаме треска и малку нѐ болеше телото. За да постапиме како што треба, се тестиравме на коронавирус и излезе дека сме позитивни“, изјави Хенкс, додавајќи дека ќе продолжат да го информираат светот за развојот на нивната состојба.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира