ТОПЛОТО ВРЕМЕ ГИ ОСТАВИ АЛПСКИТЕ СКИЈАЧКИ ЦЕНТРИ БЕЗ СНЕГ СРЕДЕ СЕЗОНА

    ТОПЛОТО ВРЕМЕ ГИ ОСТАВИ АЛПСКИТЕ СКИЈАЧКИ ЦЕНТРИ БЕЗ СНЕГ СРЕДЕ СЕЗОНАНа швајцарските планини нема снег на висините под 2.000 метри (Фото: АП)

    Голем дел од Алпите не изгледа онака како што би требало во овој период од годината. Ретките снежни врнежи и невообичаено топлото време на централните планини во Европа дозволија тревата да ги прекрие ридовите низ регионот, предизвикувајќи главоболки кај операторите на скијачките патеки и љубителите на зимските спортови.

    Трева, карпи и нечистотија оваа недела беа видливи во некои од европските скијачки меки, како Инсбрук во Австрија, Вилар-сур-Олон и Кран-Монтана во Швајцарија и Ленгрис во Германија.

    Од Франција до Полска, со Алпите во центарот, многу делови од Европа имаат време за кратки ракави, што е голема спротивност на студеното време и зимските бури во САД од крајот на минатата година.

    Метеосвис“ вели дека топлиот воздух што пристигна од западот и југозападот ќе се задржи до крајот на неделата и иако падините над 2.000 метри добија снег, пониските делови ќе почекаат. Така трките од Светскиот куп во алпско скијање во Аделбоден овој викенд се одржуваат на целосно вештачки снег.

    Во Инсбрук има снег само на скокалницата (Фото: АП)

    2022 беше најтоплата година во Франција и Швајцарија откако се прават мерења, на што се надоврза и почетокот на 2023.

    Во јужниот и северниот дел на Алпите има доволно снег на висините над 2.200 метри, но забележливо го нема на пониските надморски височини“, кажаа од „Метео Франс“.

    И Германија се соочува со пролетни температури среде зима, па неделава, во делови од земјата беа измерени 16, па и 20 Целзиусови степени.

    Истиот млазен тек што влечеше студен воздух од Арктик кон САД донесе топол воздух во суптропските зони на Европа. Климатските промени сè уште не завршиле со својата работа“, изјави Вим Тиери, професор по климатологија на Универзитетот на Брисел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира