ТОРНАДО НА ВИЕНСКИОТ АЕРОДРОМ, АВИОНОТ ОД СКОПЈЕ ПРЕНАСОЧЕН ЗА ГРАЦ

    ТОРНАДО НА ВИЕНСКИОТ АЕРОДРОМ, АВИОНОТ ОД СКОПЈЕ ПРЕНАСОЧЕН ЗА ГРАЦАматерска фотографија од торнадо во близина на Виенскиот аеродром (Фото: Хојте)

    Големо невреме попладнево го зафати главниот град на Австрија, Виена, јавува известувачот на САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Виенскиот дневен весник „Хојте“ објави аматерска фотографија од торнадо. Патник кој се затекнал на виенскиот аеродром го снимил торнадото на само неколку километри источно од  аеродромскиот комплекс во Швехат.

    Сите полетувања и слетувања биле одложени. Авионот на Остриан ерлајнс од Скопје, кој редовно во Виена слетува секој ден околу 14.30 часот најпрвин бил задржан на полетување уште од Скопскиот аеродром. Откако полетал дури по 15 часот од Скопје, авионот во фазата на слетување бил пренасочен кон аеродромот во Грац.

    Патниците од Скопје безбедно слетале во Виена дури вечерва околу 20.30 часот.

    Австриските метеоролози велат дека појавата на торнада е исклучително ретка појава на европскиот континент.

    Во центарот на Виена паѓал град со големина на тупаница, а поплавени се и неколку метро станици, па има нарушување и на јавниот превоз.

    И. ВЕЉКОВИЌ     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира