ТРАМП ДОБИ ДОЗВОЛА ДА СЕ ВРАТИ НА ФЕЈСБУК И ИНСТАГРАМ

    ТРАМП ДОБИ ДОЗВОЛА ДА СЕ ВРАТИ НА ФЕЈСБУК И ИНСТАГРАМТрамп беше суспендиран на неодредено време по нападот на американскиот Конгрес во јануари 2021 (Фото: АП)

    Бившиот американски претседател Доналд Трамп ќе може да се врати на Фејсбук и Инстаграм откако компанијата „Мета“ објави дека му ја укинува двегодишната суспензија.

    Суспензијата ќе заврши во следните недели. Јавноста би требала да може да слушне што имаат да кажат политичарите“, изјави Ник Клег, претседателот за глобални прашања во „Мета“.

    Трамп беше суспендиран на двете социјални мрежи на неодредено време по нападот на американскиот Конгрес во јануари 2021, што го предводеа неговите приврзаници.

    Суспензијата беше исклучителна одлука во исклучителни околности. Анализите покажаа дека профилите на Трамп веќе не претставуваат сериозен ризик за јавната безбедност“, кажа Клег.

    Републиканците вршеа притисок да му се дозволи на Трамп да се врати на Фејсбук, додека тој се подготвува за нова претседателска кампања. Трамп во последно време се огласува преку неговата сопствена социјална мрежа Truth Social, која, сепак, има далеку помалку корисници од Фејсбук.

    И Твитер претходно ја укина суспензијата на Трамп, но тој досега не се вратил таму.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира