ТРАМП Е МЕНТАЛНО ПОРЕМЕТЕН И ЌЕ ПЛАТИ СКАПА ЦЕНА ЗА СВОИТЕ ЗАКАНИ, ИЗЈАВИ КИМ ЏОНГ УН

    ТРАМП Е МЕНТАЛНО ПОРЕМЕТЕН И ЌЕ ПЛАТИ СКАПА ЦЕНА ЗА СВОИТЕ ЗАКАНИ, ИЗЈАВИ КИМ ЏОНГ УНСе закани со ново тестирање на хидрогенска бомба. - Ким Џонг Ун (Фото: АП)

    Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун најави дека би можел да тестира хидрогенска бомба над Пацификот, откако Доналд Трамп во својот говор во Обединети нации се закани дека ќе ја уништи неговата изолирана земја.

    Ким го нарече претседателот на САД „ментално пореметен“ и му се закани дека ќе плати скапа цена за своите зборови.

    Според Јужна Кореја, ова е прва директна изјава од ваков вид на Ким Џонг Ун.

    Неколку часа подоцна, министерот за надворешни работи, Ри Јонг Хо, изјави дека Северна Кореја би можела да изведе ново тестирање на хидрогенска бомба, за да се исполни ветувањето на Ким дека ќе преземе акција од највисок степен против САД.

    „Трамп е ментално пореметен и неспособен да ја води својата земја. Неговите зборови не ме уплашија, туку ме уверија дека сум го избрал вистинскиот пат. Трамп е злобен гангстер кој си игра со оган. Ќе го натерам да плати висока цена за својот говор“, изјави Ким за државната агенција КЦНА.

    Денеска во ОН говор ќе одржи и севернокорејскиот министер Ри.

    „Не знам какви мерки можеме да преземеме, зашто наредбите ги дава лидерот Ким Џонг Ун. Но, тоа би можела да биде најмоќната детонација на хидрогенска бомба над Пацификот“, кажа Ри

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира