Доналд Трамп формираше воени сили фокусирани на војување во вселената наречени американски вселенски сили.
Новиот оддел на армијата, прв по повеќе од 70 години, ќе биде во составот на американските воздушни сили.
„Вселената е најновото подрачје за војување на светот. Среде сериозните закани по нашата безбедност, американска супериорност во вселената е од витално значење. Ние сме лидери, но не сме доволно лидери и наскоро ќе бидеме многу во предност“, кажа Трамп во воена база во Вашингтон.
Основањето на овие сили и официјално беше потврдено кога Трамп го потпиша годишниот буџет на армијата, што изнесува 738 милијарди долари. Во првата година, вселенските сили ќе бидат финансирани со почетни 40 милиони долари и ќе имаат персонал од 16.000 луѓе.
Ова не значи дека САД ќе праќаат војска во вселената, туку овие сили се наменети за заштита на илјадници сателити што се користат за комуникации и надзор.