ТРАМП ГИ ПОВЛЕКУВА САД ОД ДОГОВОРОТ ЗА НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ, РУСИЈА ВЕЛИ ДЕКА ТОА Е ОПАСЕН ПОТЕГ

    ТРАМП ГИ ПОВЛЕКУВА САД ОД ДОГОВОРОТ ЗА НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ, РУСИЈА ВЕЛИ ДЕКА ТОА Е ОПАСЕН ПОТЕГСАД ја обвинија Русија дека развила нов проектил со среден домет со кој може да гаѓа членки на НАТО (Фото: ЕПА)

    Русија ја осуди одлуката на Доналд Трамп да ги повлече САД од клучниот договор за нуклеарно оружје и се закани дека ќе се одмазди за овој „многу опасен потег“.

    Трамп вчера најави дека има намера да го раскине договорот од 1987 година, кој забранува лансирање проектили со среден домет, кои имаат распон меѓу 500 и 5.500 километри. Тој ја објасни својата одлука изјавувајќи дека „Русија со години го крши договорот“.

    „Нема да дозволиме Русија да создава оружје додека на нас не ни е дозволено тоа. Не знам зошто Барак Обама не преговарал или не се повлекол од договорот“, кажа Трамп.

    Обама во 2014 година ја обвини Русија дека го крши договорот, откако таа наводно тестирала крстосувачки проектил. Под притисок на Европска Унија, Обама тогаш не ги повлече САД од договорот.

    „Тоа ќе биде многу опасен потег, кој не само што нема да биде прифатен од меѓународната заедница, туку и може да предизвика сериозна осуда. Овој договор е многу значаен за меѓународната безбедност, особено во сферата да се спречи трката во нуклеарно вооружување. Потегот на САД го сфаќаме како обид за уцена“, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабаков.

    САД велат дека Русија го прекршила договорот така што развила нов проектил со среден домет, наречен „новатор 9М729“, што ѝ овозможува да изведува нуклеарни напади на членки на НАТО.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира